🟡🔵🟣Либерално-демократската партија како партија која се залага за почитување на човековите права и почитување на универзалниот пристап до квалитетно образование, здравствена и социјална заштита на лицата со попреченост во согласност со основните начела на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост го поздравува усвојувањето на новиот Правилник за функционална проценка со кој се уредува начинот на извршување на функционалната проценка и мерките за дополнителна поддршка од областа на образованието, здравството, социјалната заштита и заштитата на деца и млади.
🟡 Воведување на функционална проценка претставува темелна реформа во системот за здравствена заштита, образование и социјална заштита за децата и младите кои се соочуваат со некаков здравствен проблем и/или попреченост.
🔵 Со функционалната проценката акцентот се става на способностите и потребите како и на обезбедување соодветна поддршка тие способности да се развијат во најголема можна мера.
🟣 #ЛДП и понатака ќе продолжи да го поддржува овој процес и да се залага за поголема децентрализација на услугите и за подобрување на пристапноста до сервиси за поддршка и услуги како што се раната интервенција, логопедски третмани, физикална терапија, за да може сите деца со попреченост да имаат еднаков пристап до квалитетни услуги без разлика на местото на живеење.
.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *