Татјана Гацова е родена на 11.01.1973 во Скопје.

Основно и средно училиште завршила во Скопје.Во 1991 година се запишува на студии на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на катедрата за германски јазик и книжевност.

Во 1995 година се вработува како наставник по германски јазик во гимназиите„ Никола Карев“, „Зеф Љуш Марку“ и „Орце Николов“ во Скопје.

Во 1995 година била стручен соработник на проф. д-р. Димитрија Гацов на прирачникот „ Германски за 7 дена“, 1997 година на прирачникот „ Нов правопис на германскиот јазик“.

Од 1998 година па до денешен ден работи како наставник во СУГС Гимназија „ Орце Николов“ во Скопје.

Од 25.09.- 27.09. 1998 во Јоаким Осоговски во Крива Паланка учестувала како предавач на семинарот на тема „ Презентирање на улогата на модераторот“ во организација на Гете Институт од Белград.

Во 1997 година се запишува на постдипломски студии на Катедрата за германски јазик и литература во Скопје. Во 1999 година Научно-наставничкиот совет на Филолошкиот факултет „ Блаже Конески“ во Скопје и ја одобри темата за изработка на магистерскиот труд под наслов „ Примена на новиот германски правопис во основното и средното образование во Р. Македонија“.

Од 26.09.- 28.09. 1998 во Скопје учестувала како предавач на тема: „ Вештина-читање во наставата по германски јазик“ на семинарот во организација на Гете институт од Белград и Министерството за образование од Македонија.

На 26.03.2000 година се стекнала со стручен назив „ Обучувач на наставниците по германски јазик“ и била назначена за координатор меѓу основните , средните училишта, Министерството за образование и Бирото за развој на образование во Македонија.

Во периодот од 01.10.- 3.01.2001 година добила стипендија од Министерството за образование и наука од Виена да посетува обука од областа на методиката во наставата по германски јазик на Катедрата за методика во Виена. Во 2000 година била стручен соработник на проф. д-р. Димитрија Гацов во преводот на бестселерот „ Мојот век“ од Гинтер Грас, добитник на Нобеловата награда за награда во 1999 година.

Од 15.03.- 17.03. 2002 во Скопје учестувала како предавач на тема: „ Игри во наставата по германски јазик“ на семинарот во организација на Култур Контакт од Австрија и Министерството за образование од Македонија.

Во текот на својот работен и професионален ангажман учествувала на семинари и проекти од областа на наставата „ Со читање и пишување до критичко мислење“, „ Креативна настава и учење“, „ Европа во школо“, „ Примена на ЕДУБУНТУ“- образовен софтвер во наставата“. На 11.04. 2012 година и се одобрува темата за изработка на докторската дисертацијапод наслов : „ Следење и оценување на постигањата на учениците во наставата по германски како странски јазик во средните училишта во Р. Северна Македонија“.

Нејзина стручна ориентација е методика на наставата по странски јазик и образованието во училишниот систем.

Нејзиниот интерес кон различни сфери на делување во општествениот живот,  одлучува во 2015 да се приклучи на големото интернационално семејство на хуманитарци “ Лионс Интернеишнл” и даде голем придонес во афитмацијата на лајонизмот кај младите од 14 до 18 годишна возраст.

Во 2016 година добива ангажман како надворешен соработник во  АД ЕЛЕМ, Електрани на Северна Македонија.

Во 2018 година добива ангажман за  КПЕС, Швајцарија, со седиште во Скопје, фирма која се бави со продажба на софтвери, како одговорна за делот на промоција на  фирмата во македонски рамки, остварување деловно контакти, какп о ангажмани во  делот околу продажбата и маркетингот на компанијата.

Во 2018 година е избрана од страна на Државниот Испитен Центар на Р. Северна Македонија да ја извршува функцијата претседателка на комисијата за полагање на стручен испит на наставниците по германски јазик.

Во 2019 година добива ангажман во Даталаб Македонија, словенечка компанија која се бави исто со продажба на софтверски решенија, како надворешен соработник за остварување контакти и афирмација на компанијата во македонски рамки.

Во 2021 избрана е за локалните избори да биде портпаролка на коалицијата на ЛДП и ДОМ.

Учествува на проекти во организација на НДИ на тема: „Оценка на интегритетот на поличките партии“, ( 2020-2021) „Тренинг за интегрирани тренери по регионална програма политичка програма за интегритет за Југоисточна Европа.“

AOH (East Europe Class 2021)  – академија за јакнење на капацитети на жените либерали во Европа во организација на ALDE и Friedrich Naumann Foundation.

Во 2023 е избрана  од страна на Централниот Одбор за членка на Извршниот Одбор на Либерално Демократската Партија.

Во 2022-2023 учествува како делегат од ЛДП на тренинзите организирани за тренери-почетници во организација на ЕТА ( European Trainers Academy).

Во 2023 учествува во изработката на наставните програми за основно образование при Бирото за развој на образованието на Северна Македонија.

Во јули 2023 година учествува во програмата за размена на искуства во наставата со натавници од цел свет  во Индија ( Мумбај) каде имаше излагање на тема: Како да се биде влијателен и мотивиран наставник во овој модерен свет и кои вештини треба да ги поседува.

Во 2023 учествува во преводот на кампањара за  колекција на Еxtreme Intimo – Makedonija.

На 15 август 2023 година е овластена да го посети образовниот советодавен центар (55123), Pearson VUE Тест Центарот во Скопје и да изврши контрола согласно стандардите на BARE International .

Учествува во натпреварите на  едукативната активност ,,ИМАМ СТАВ”  во организација на  Парламентарниот Институт што  претставува симулација на процесот на разгледување предлог – закон во рамките на Собранието на Република Северна Македонија. Земавме 2 пати второ место и прво при симулација на финале пред меѓународниот фактор.

На 30.01.2024  учествувавме во дебатната активност на Еуроскола при Европскиот Парламент во Стразбур на тема: Медиуми и демократија – Акциски план на Европската унија за справување на дезинформациите! Потоа следеше вмрежување на учениците со европскиот младински  парламент од Европа, со цел на формирање на македонски комитет под покровителство на Еurope House во Скопје.

На 16.03.2024 ученикот Никола Станчев од четврта година од гимназијата Орце Николов -Скопје, освојува прво место на државниот натпревар по германски јазик под менторство на Татјана Гацова во организација на здружението на наставници по германски јазик и книжевност на Република Северна Македонија.

Оваа година запишува и GSDF сертификација за кариерен советник.

Се едуцира и креира вонкурикарни проекти со ученици кои имаат афинитети за дебата и креирање политики со цел да поттикне критичко размислување кај истите, но во нив вклучува и ученици кои имаат проблем со читање, говор и социјализација. Целта на овие проекти е да ги развие меките вештини кај учениците, да се подобрат интерперсоналните односи,  да има прогрес во мисловниот дуктус, во однесувањето, во спремноста за разговор, во почитта и во социјалната когниција за односот да биде адекватен, плоден и интелектуален.  Со взаемно разбирање и договорање креираат финално решение и поттикнување на иницијативи кои резултираат со позитвни практики.

Како класна раководителка, таа секојднево има советодавна функција, разрешува конфликтни ситуации и дава насока во правец на развивање на афинетите, талентот и желбите на ученикот со цел правилно да насочи кон изборот на неговата идна професија.