Либерално демократската партија е партија со либерална ориентација. Таа е правен наследник на Демократската и Либералната партија, кои на 19 април 1997 се обединија, формирајќи ја ЛДП.
За прв претседател на ЛДП е избран Петар Гошев, дотогашниот претседател на Демократската партија. ЛДП е полноправна членка на Либералната Интернационала и Европските либерал-демократи ALDE Party, а е основач на ЛИБСЕЕН – Либералната мрежа на Југоисточна Европа.
Покажавме како успешно се управува Скопје… Како ефикасно се раководи со повеќе владини ресори… Како се намалуваат давачките… Го намаливме ДДВ-то од 19% на 18%… Ги намаливме комуналиите за градба во Скопје за 17%… Ги намаливме цените на лековите за потребите на јавното здравство во просек за 45%… Бевме единствени кои се залагаа за ваучерска приватизација, но, не надгласаа… Ја укинавме обврската за служење на воен рок… Успешно ги завршивме одбранбените и воени реформи и ја донесовме државата во НАТО… Целосно ја спроведовме реформата на пензискиот систем… Ја зголемивме наплатата на пензиските придонеси за 9%. Донесовме и спроведовме ново работно законодавство… Ги осмисливме и започнавме со реформите на Катастарот… Први, уште многу одамна, побаравме да се работи “со чисти раце”… Отворивме 15 центри за дневно згрижување на хендикепираните и маргинализираните… Преку ФЗО го востановивме правото на избор на лек на рецепт од страна на пациентот… Воведовме повеќе нови, современи лекови за третман на тешките и хронични заболувања… Ги ревитализиравме националните паркови…