Во рамките на ЛДП како политичка форма на организирање на женскиот дел на членството дејствува Форумот на жени на ЛДП.

Целите, задачите, принципите на организирање и начинот на работење на Форумот на жени се регулира со Програма и со Правила за работа кои се во согласност со Програмските определби и Статутот на Партијата.

Форумот на жени на ЛДП се организира на територијален принцип. Територијалниот принцип на организирање вклучува:

  • Општински организации на Форумот на жени на ЛДП;
  • Организација на ниво на држава.

 

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ФОРУМОТ НА ЖЕНИ НА ЛДП

  • Развој на македонското општество и држава и одбрана на нејзиниот суверенитет и интегритет;
    Развој на демократските процеси во македонското општество;
  • Развивање на политичка култура кај жените и воопшто граѓаните на Република Северна Македонија;
  • Функционирање на Република Северна Македонија како граѓанска држава чиј суверенитет произлегува од граѓанинот;
  • Јакнење и обединување на либералното, демократско и реформско движење и одбрана на основните вредности на либералната демократија;
  • Заштита и унапредување на индивидуалните слободи и права на граѓанинот и граѓанката;
  • Заштита, унапредување и промовирање на женските граѓански и политички права;
  • Интеграција на државата во европските и евроатлантските економски, политички и безбедносни системи;
  • Промовирање на европските стандарди во сите сфери на живеењето;
  • Постигнување родова еднаквост;
  • Измени на Изборниот Законик и регулативи за родова еднаквост и застапеност, односно издејствување на квота 50% на застапеност но и на вклученост во законодавната власт;
  • Обврзувачки и значајни квоти од родова перспектива, за кандидати за градоначалнички и за партиципирање во извршната власт;
  • Активно учество на жените во политичкиот живот и во процесите на креирање на политики со сите сфери на општествено-економското делување;
  • Заложба за почитување на различностите и санкционирање на директна и индиректна дискриминација по секој основ, системска поддршка и унапредување на правата на ранливите и маргинализирани групи.

ОРГАНИ НА ФОРУМОТ НА ЖЕНИ НА ЛДП

  • Собрание на Форумот на жени на ЛДП
  • Централен одбор на Форумот на жени на ЛДП 
  • Извршен одбор на Форумот на жени на ЛДП 
  • Надзорен одбор на Форумот на жени на ЛДП
  • Претседателка на Форумот на жени на ЛДП 
  • Генерална секретарка на Форумот на жени на ЛДП 
DSC_5934A

Билјана Аврамоска Ѓореска

Претседателка на
Форум на жени на ЛДП

Активности и Новости

Работен состанок ЛДП – НДИ: Добрата соработка треба да продолжи.

Денес во просториите на Либерално Демократска Партија ЛДП се одржа работен состанок на кој присуствуваа претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, членовите на работната група за родова еднаквост од ЛДП, Билјана
Прочитајте повеќе

Меѓународна конференција: “Политичко учество на жените од либералните партии од западен Балкан“

Од 23.03 до 25.03 во Сараево, Босна и Херцеговина, во организација на Фондацијата “Борис Дивковиќ“ и либералната партија од БиХ – “Наша странка“, се одржува меѓународна конференција на тема –
Прочитајте повеќе

Форумот на жени на ЛДП на средба со Фридрих Науман Фондацијата

Претседателката на Форумот на жени, Билјана Аврамоска Ѓореска и Генералната секретарка на Форумот на жени на ЛДП, Евдокија Тасевска остварија работен состанок со Мартин Коте, Регионален Директор за Југоисточна Европа
Прочитајте повеќе

Жената може да биде успешна и во семејството, и во кариерата и во политичкиот живот

“Како што може жената да биде успешна во семејството, исто така подеднакво може да биде успешна во кариерата и во политичкиот живот“. #Жениполитичарки! Марина Чорбеска (Marina Corbeska) – членка на
Прочитајте повеќе

Жените имаат сила, знаење и моќ!

Жените имаат сила, знаење и моќ! #Жениполитичарки! Tatjana Gacova – членка на Извршниот одбор на Форум на жени-Либерално демократска партија и портпаролка на Либерално Демократска Партија ЛДП
Прочитајте повеќе

Само со меѓусебна поддршка, ние, жените, можеме да постигнеме уште повеќе и уште подобро!

Само со меѓусебна поддршка, ние, жените, можеме да постигнеме уште повеќе и уште подобро! #Жениполитичарки! Violeta Zdravkovska – членка на Извршниот одбор на Форум на жени-Либерално демократска партија
Прочитајте повеќе

Успехот е подеднаков за сите!

Успехот е подеднаков за сите! #Жениполитичарки! Андријана Цветановска (Andrijana Cvetanovska) – членка на Извршниот одбор на Форум на жени-Либерално демократска партија
Прочитајте повеќе

Форум на жени на ЛДП: Конфренција на тема „Иницијатива 50% родова еднаквост“

Викендов во Охрид, организација на Либералниот Институт Скопје и Фондација Борис Дивковиќ од Босна и Херцеговина се одржа конфренција на тема „Иницијатива 50% родова еднаквост“, на која присуствуваа 20 жени
Прочитајте повеќе

Форум на жени на ЛДП и Иницијатива 50% – размена на искуства

Форум на жени на ЛДП и Иницијатива 50% Вечерва, со поддршка од Либералниот Институт и Фондација Борис Дивковиќ, претставничките на Форумот на жени на ЛДП и Иницијатива 50% од Босна
Прочитајте повеќе

УСПЕШНА ПРИКАЗНА

Билјана Аврамоска Ѓореска
Претседателка на Форум на жени на ЛДП

Евдокија Тасевска
Генерална секретарка на Форум на жени на ЛДП
Моника Зајкова
Потпретседателка на ЛДП Пратеничка во Собранието на РС Македонија
Јулиана Николова
Потпретседателка на ЛДП Директорка на ЈП “Национални шуми“
Верица Буралиева
Претседателка на ОО на ЛДП Сртумица Советничка во советот на Општина Струмица
Соња Ѓорѓиева

Советничка во Советот на Општина Виница
Силвана Трбогазова Претседателка на ОО на ЛДП Аеродром, Советничка во Советот на општината
Марина Чорбеска
Претседателка на ОО на ЛДП Кисела Вода, Советничка во Советот на општината
Ана Савеска

Советничка во Советот на Општина Кичево
Рената Арнаудова

Советничка во Советот на општина Охрид

Членки на Извршен одбор на Форумот на жени на ЛДП

DSC_5934A

Билјана Аврамоска Ѓореска

Евдокија Тасевска

Евдокија Тасевска

placeholder.png

Силвана Трбогазова

Biljana Stevkova photo

Билјана Стевкова

Виолета Здравковска

Виолета Здравковска

Лидија Ѓошевска

Лидија Ѓошевска

Снежана Тодоровска

Снежана Тодоровска

Соња Ѓорѓиева

Соња Геориева

Татјана Гацова

Татјана Гацова

Марина Чорбеска

Марина Чорбевска

Ана Савеска

Ана Савевска

placeholder.png

Соња Геориева

Renata Arnaudova

Рената Арнаудова

Verica Buralieva

Верица Буралиева

Андријана Цветановска

Андријана Цветановска

Македонка Ангелова

Македонка Ангелова

Членки на Централниот одбор на Форумот на жени на ЛДП​

Претседателка на Форумот на жени на ЛДП – Билјана Аврамоска Ѓореска

Генерална Секретарка на Форумот на жени на ЛДП– Евдокија Тасевска

  1. Мери Шапуриќ
  2. Билјана Стевкова
  3. Снежана Андреевска
  4. Виолета Здравковска
  5. Снежана Димовска
  6. Моника Стојчевска
  7. Снежана Тодоровска
  8. Елена Тевчева
  9. Ефтимија Карбева Лукарова
  10. Снежана Атанасова
  11. Наташа Тодоровска
  12. Цветанка Геговска
  13. Билјана Сребревска
  14. Весна Глигориевска
  15. Габриела Ивановска
  16. Маја Јовановска Костовска
  17. Тања Јовановска Богданска
  18. Даниела Петровска
  19. Татјана Гацова
  20. Наде Нешковска
  21. Весна Миркова
  22. Андријана Цветановска
  23. Жана Ризанковска
  24. Маја Кирјас
  25. Сања Јосифовска
  26. Нена Пецева
  27. Македонка Ангелова
  28. Драгана Зафировска Митева
  29. Дејана Кировска
  30. Дијана Котевска
  31. Јасмина Мицовска Станковска
  32. Силвана Трбогазова
  33. Марина Чорбевска
  34. Рената Арнаудова
  35. Ане Савевска
  36. Верица Буралиева
  37. Соња Геориева
  38. Кристина Митева
  39. Даниела Кржовска
  40. Наташа Митевска
  41. Бистрица Станкоска
  42. Лидија Ѓошевска
  43. Василка Јаневска
  44. Анета Ефремовска

 

ЧЛЕНКИ НА НАДЗОРЕН ОДБОР НА ФОРУМОТ НА ЖЕНИ НА ЛДП

 

1.Сузана Божинова

2.Анета Кузевска

3.Ивана Стојанчевска

Билјана Аврамоска Ѓореска е родена 1974 година во Скопје. Во 1999 година дипломира на Правниот факултет “Јустинијан Први” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во периодот  од 2009 година до 2010 година завршува втор циклус на студии на Центарот за безбедносни студии во Женева, Швајцарија, при што се здобива со научен степен Магистер по меѓународна и европска безбедност.

Во 2011 година ја завршува  Школата за јавни политики „Мајка Тереза”.

Во рамките на својот работен ангажман има посетувано бројни обуки, курсеви, семинари, како и учествувано на бројни конференции.

Од 2019 година е Директорка на Агенција за пошти. 

Авторка е на една книга и коавторка. на повеќе научни и стручни трудови објавени во земјата и во странство.

Членка на Либерално Демократската Партија од 1998 година.

1999 година  – 2002 година –  Претседателка на М.О.106 при О.О.Кисела Вода на ЛДП.

2000 година  –  2004 година –  Членка на Извршниот и Централниот Одбор на ЛиДеМ. 

2006 година   – Кандидатка за пратеничка на парламентарните избори.

Од 2007 година   – Членка на Централниот одбор на Либерално Демократска Партија.

2009 година  – Кандидатка за советничка на локалните избори.

2011 година  – Кандидатка за пратеничка во И.Е. 1 на парламентарни избори.

Од 2016 година  – Членка на Извршниот Одбор на Либерално Демократската Партија

Актуелна Претседателка на Форумот на жени на ЛДП (2019- 2021 година)

Говори англиски јазик.

 

Виолета Здравковска е родена 1978 година во Куманово, мажена, мајка на две деца.

Дипломиран социјален работник, со повеќе од 20 години стаж во менаџментот на телекомуникациски оператор.

Членка на Либерално Демократската Партија од 1997 година.

2011 година – Кандидатка за пратеничка на ЛДП  во ИЕ 2 на парламентарни избори.

Членка на Извршниот и Централниот одбор на Форумот на жени на ЛДП.

Има учествувано на бројни семинари и обуки од областа на правото, политиката, родовата еднаквост организирани од страна на Форумот на жени на ЛДП и Либерално Демократската Партија.

 

 

Верица Буралиева е дипломиран правник на Правниот Факултет “Јустинијан Први”  при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј”, Скопје.

Членка на Либерално Демократска Партија од 2002 година.

Членка  на Централниот Одбор на Либерално Демократска Партија.

Членка на Извршниот Одбор и  Централниот Одбор  на Форум на жени на ЛДП.

Претседателка на О.О. Либерално Демократска Партија – Струмица.

Советничка на Совет на Општина Струмица (2018 -2021 година).

 

 

Ана Савеска е родена 1979 година во Кичево.

Дипломиран правник и магистер по меѓународно право, меѓународни односи и право на Европската Унија на Правниот Факултет “Јустинијан Први”  при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј”, Скопје.

Членка на Либерално Демократската Партија од 2003 година.

Потпретседателка на О.О. на Либерално Демократската Партија Кичево во период од 2011 до 2016 година.

Членка на Централниот Одбор на Либерално Демократската Партија.

Членка на Извршниот и Централниот Одбор на Форумот на жени на ЛДП.

Советничка во Советот на општина Кичево(2018 -2021година).

Има учествувано на бројни семинари и обуки од областа на правото, политиката, родовата еднаквост организирани од страна на Форумот на жени на ЛДП и Либерално Демократската Партија.

Говори англиски јазик.

 

Билјана Стевкова е  дипломиран правник на Правниот Факултет “Јустинијан Први”  при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј”, Скопје.

Вработена во орган на државна управа како раководителка на одделение за обуки.

Членка на Либерално Демократската Партија од 1997 година.

Членка на Извршниот и Централниот Одбор на Форумот на жени на ЛДП.

Учество на бројни семинари и обуки организирани од НДИ, Фондацијата Фридрих Науман и многу други невладини организации  кои имаат за цел зајакнување и активно учество на жените во политиката и на спроведување на политиките на државно и локално ниво.

     

Рената Арнаудова е професорка по социологија во ОСУ ”Св. Климент Охридски” Охрид.

Членка на Извршниот Одбор  на О.О. на ЛДП – Охрид (2000- 2021 година).

Претседателка на Форумот на жени на О.О. на ЛДП – Охрид (2002-02012 година).

Секретарка на О.О. на ЛДП – Охрид (2012- 2018 година).

Членка на Извршниот и Централниот Одбор на Форумот на жени на ЛДП. 

Советничка во Советот на Општина Охрид  (2018 -2021година).

Учествувала  на голем број на семинари и обуки организирани од страна на ЛДП.                                  

 

Марина Чорбеска е дипломиран правник со положен правосуден испит.

Членка на Либерално Демократската Партија од 2001 година

Претседателка на О.О. на ЛДП Кисела Вода  од Јануари 2016 година. 

Членка на Централниот одбор на Либерално Демократската Партија.

Членка на Извршниот и на  Централен одбор на Форумот на жени на ЛДП.

Советничка во Совет на Општина Кисела Вода (2018- 2021 година).

Учество на бројни семинари и обуки организирани од НДИ, Фондацијата Фридрих Науман и многу други невладини организации  кои имаат за цел зајакнување и активно учество на жените во политиката и на спроведување на политиките на државно и локално ниво.  

Има познавање на англискиот јазик.

 

Евдокија Тасевска дипломирала на Факултетот за економика и организација на преприемништво/ Менаџмент на организација.  Вработена во А.Д.Макпетрол како шеф на одделение за безбедност и здравје при работа.

Членка на Либерално Демократска Партија од 1997 година. 

Членка  на Извршниот Одбор  на ЛДП Центар од 1997 до 2017 година.

Подпретседателка на О.О.  на ЛДП Центар  од 2017 година. 

Членка  на Централниот одбор на ЛДП од 2018 година.

Советничка во Советот на Општина Центар (2005 до 2009 година).

Член на Управен одбор на Младински културен центар од 2017 и сеуште трае.

Членка на Централен одбор на ЛДП.

Генерална Секретарка на Форум на жени на ЛДП (2019- 2021 година).

Активно вклучена во сите изборни процеси и циклуси, вклучувајќи  работа како член на изборен штаб и работа на терен.

 

Татјана Гацова е родена 1973 година во Скопје, дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на катедрата за германски јазик и книжевност.

Работи како наставник во СУГС Гимназија „ Орце Николов“ во Скопје од 1998 година.

Во текот на својот работен и професионален ангажман учествувала на бројни семинари и проекти од областа на наставата. Нејзина стручна ориентација е методика на наставата по странски јазик и образованието во училишниот систем.

Магистрирала во 2010 година на Филолошкиот факултет ” Блаже Конески” –  Скопје.

2012 година – одобрена  тема за изработка на докторската дисертација под наслов: „ Следење и оценување на постигањата на учениците во наставата по германски како странски јазик во средните училишта во Р. С. Македонија“.

Во 1997 година учествува на тригодишната обука како модератор на семинари од областа на методиката и дидактиката во наставата по германски јазик за основните,средните училишта и образованието на возрасни, проект финансиран од меѓународни и домашни институции како претставничка од Македонија.

Во 2020 година е избрана за Претседателка при Државниот Испитен Центар – Скопје на Комисијата за спроведување на стручниот испит за приправниците од средните училишта по предметот германски јазик.

Активна  е на полето на образованието и човековите права (со посебен акцент на маргинализираните групи), родовата еднаквост, екологија. 

Членка на Советот за човекови прави на ЛДП.

Членка на Извршниот и Централниот Одбор на Форумот на жени на ЛДП.

 

Лидија Ѓошевска е родена 1965 година во Битола. 

Професорка по економски предмети во СОЕУ:„Јане Сандански“- Битола, Организација, Сметководство и Деловно работење.

Дипломирала на Економски факултет –Прилеп, магистер на МБА- менаџмент, на тема:„Финансирање на претприемничките потфати на малите и средни претпријатија во Р.М.

Во 2013 година се стекнува со титула доктор на економски науки. 

Има учествувано на бројни  научни трибини, конференции и научни собири.

Има објавено повеќе научно – стручни трудови и публикации. 

Директорка на Државниот Испитен Центар од 2018 до 2020 година.

Политичкото ангажирање го почнува од 1989 година во Реформските сили,  па во Либералната Партија и од 1997 година во Либерално Демократската Партија.

Претседателка на Форумот на жени на О.О.на ЛДП – Битола.

Членка на Извршниот и Централниот Одбор на Форумот на жени на ЛДП.

Говори англиски јазик.




Македонка Ангелова е дипломиран политиколог, магистер на комуникации. Експертка од областа на односи со јавноста.

Членка на Извршниот и Централниот Одбор на Форум на жени на ЛДП

Членка на Извршниот Одбор на Градската Организација на ЛДП.

 

Снежана Тодоровска e родена во Битола. По професија е професор по предучилишно воспитување.

Членка на Либерално Демократската Партија од 1998 година.

Членка на И.О.на О.О. на ЛДП Битола.

Членка на Извршниот и Централниот Одбор на Форумот на жени на ЛДП.

 

Соња Ѓорѓиева е родена 1978 година во Виница. Дипломира на Универзитетот св,,Кирил и Методиј” Скопје , Филозофскиот факултет -група Историја.

Од 2019 година работи како Раководителка во АВРСМ ЦВ Виница.

2018 година – соработник АВРСМ ЦВ Виница

2013 година – наставник во ООУ ,,Никола Парапунов”

2004-2009 година – професор по Историја во СОУ ,,Ванчо Прќе” Виница

Членка на Либерално Демократската Партија  од 2005 година.

2009 година- Кандидатка за советник на локалните избори

2011 година- Кандидатка за пратеник во ИЕ 3 на парламентарни избори

2013-2017  година-Совеничка во Совет на општина Виница

2017-2021 година- Советничка во Совет на општина Виница и Заменик градоначалник на општина Виница

Членка на Извршниот и Централниот Одбор на Форумот на Жени на ЛДП

Членка на Централниот Одбор на ЛДП

Учество на  обуки и семинари во организација на НДИ и фондацијата Фридрих Науман.

 

Анета Ефтимовска е родена 1972 година во Куманово. По професија дипломиран новинар. Дипломирала на  Интердисциплинарни студии по новинарство на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” Скопје. 

Членка на Извршниот и Централниот Одбор на Либерално Демократска Партија.

Претседателка на О.О.на Форумот на жени – Куманово.

Членка на Извршниот и Централниот одбор на Форумот на жени на ЛДП.

Говори француски, англиски и италијански јазик.

Андријана Цветановска e родена 1979 година во Битола, дипломиран  менаџер по бизнис администрација. 

Во текот на својот работен и професионален ангажман учествувала на бројни семинари и обуки.

Членка на Либерално Демократската Партија од  1999 година. 

Членка на О.О. на ЛДП – Центар. 

Членка на Извршниот и Централниот одбор на Форумот на жени на ЛДП.

Има учествувано на бројни семинари и обуки организирани од НДИ, Фондацијата Фридрих Науман и многу други невладини организации  кои имаат за цел зајакнување и активно учество на жените во политиката и на спроведување на политиките на државно и локално ниво.

 



Контакт