Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка, Моника Зајкова, со поддршка на група пратеници, денеска до Собранието ги поднесе измените и дополнувањата на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. Дополнително, Зајкова поднесе и барање за одржување на седница на собраниската Комисија за еднакви можности на мажите и жените.
Пратениците од сите политички партии во Собранието повторно ќе имаат можност да дискутираат по предлогот на претседателката Зајкова и ќе добијат шанса со давање поддршка, вистински да застанат на страната на жртвите на насилство.
„Денес повторно го поднесуваме Законот за електронска нараквица со кој што се овозможува дополнителна заштита на жртвата, покрај нејзината пријава, која обезбедува аларм на жртвата доколку сторителот се наоѓа во нејзина непосредна близина. Доста системот молчи, доста говориме за жените без да преземеме конкретни мерки. Пред Собранието повторно ќе се најде закон со кој што ќе може да покажеме дека навистина сакаме да обезбедиме заштита и превенција“, изјави претседателката Зајкова пред поднесувањето на предлог измените и дополнувањата.
Покрај предвидената забрана за приближување, клучно е воведувањето на електронска нараквица за сторителите на семејно насилство, која ќе ја предупредува жртвата дека сторителот се приближува до одредено место, односно на оддалеченост помала од 100 метри, со што ќе се зголеми стпенот на заштита на жртвата и ќе се намали можноста за нејзино повторно изложување на насилство.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *