Бараме итно формирање на Комисија во рамки на Општина Ресен за проценка на штетите од измрзнувањето на овошките во Преспанскиот регион.

По нестабилните временски услови и ниските температури, земјоделците од Ресен и Преспа се соочуваат со огромни загуби на плодови и насади, од кои најмногу погодени се сливите и јаболката.

Како регион чија главна стопанска гранка е земјоделството, од особена важност е општината да им излезе во пресрет на граѓаните кои својата егзистенција ја обезбедуваат од одгледување на овошје.

Само така, со искрен пристап и пријателски подадена рака за помош Општина Ресен ќе покаже дека навистина се грижи и работи за доброто на своите жители.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *