Очигледно е дека ЛДП директно ги погодува политиките и изјавите на ВМРО-ДПМНЕ кои се одлика на неспособност, незаконитост и неискреност. Ви благодариме што самите го потсетивте народот дека ЛДП е доследна во одбраната на законитоста, животниот стандард, човековите права и граѓанското достоинство.
Секогаш кога носите закони спротивни на Уставот — како измените на Кривичниот законик со кои си ја намаливте сопствената кривична одговорност — ЛДП ќе реагира.
Секогаш кога трошите милиони од парите на граѓаните за непотребни работи, додека студентите го чекаат ветеното зголемување на студентскиот оброк, кој поради инфлацијата е заглавен на нивото од 2023 година — ЛДП ќе реагира.
Секогаш кога едно зборувате, а друго правите — додека во фиока ги чувате законите за двојно државјанство на пратениците, укинувањето на банкарските провизии и реформската агенда — ЛДП ќе ги разобличува вашите политики и лаги.
И кога со скандалозни изјави директно го загрозувате менталното здравје и емоционалната состојба на децата и семејствата — нема да молчиме.
Вашите лични препукувања со Жерновски, како и партиските пресметки со СДСМ, се целосно нерелевантни за граѓаните. Од нив народот нема ништо и веќе му е доста од политички циркус финансиран со негови пари.
Извинувањето на министерката и Владата не е избор, туку обврска. Македонија мора да биде уредена европска држава, а ЛДП ќе продолжи гласно и доследно да ги брани европските вредности и интересите на сите граѓани, без исклучок.







No comment yet, add your voice below!