На Македонија не ѝ се потребни уште едни политички ветувања и уште една предизборна приказна за европската иднина. Потребни ѝ се конкретни реформи, преземање одговорност и политичка волја за вистински промени.
„Не може нон стоп да чекаме од Брисел да ни каже што треба да направиме“, порачува претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, во гостување на МРТВ, нагласувајќи дека реформите во правосудството и измените на законите се прашања за кои Македонија мора сама да преземе иницијатива.

Зајкова посочува дека државата може да бележи напредок во дигитализацијата, но тоа не е доволно ако истовремено нема соодветен напредок во правосудството. Потребни се конкретни законски решенија и сериозна дебата за заострување на казнената политика и особено, продолжување на роковите на застареност на кривичните дела.
„Она што навистина ми смета е што предолго чувствувам дека Македонија стои во чекалната и чека од некаде од друго место да ѝ дојде самиот напредок, а немаме преземање на одредени иницијативи. Токму затоа и ЛДП ја предложи опцијата за одложено дејство на уставните измени. Самозаштитните клаузули кои што денес гледаме веќе и самата Европа ни држи лекции како треба да се внесат, во случајот со Црна Гора, нели кажува ако не може Црна Гора да испорача гаранции, тогаш ние ќе воведеме самозаштитни клаузули. Зошто и Македонија да не ги а следи тие примери?“, прашува претседателката на ЛДП, Зајкова.

Дополнително, таа предупредува дека Македонија мора да настапува со усогласени позиции кога ги претставува своите интереси во странство. Политичките разлики се природна појава во демократијата, но тие не смеат да ја заменат заедничката одговорност кога се застапуваат интересите на државата надвор од границите.
Зајкова смета дека националниот консензус не се гради со декларации, туку со иницијативи, конкретни предлози и подготвеност да се преземе одговорност. Политиката на стоење во место, предупредува таа, ризикува да ја претвори европската перспектива во средство за манипулација со емоциите и за предизборни кампањи.
На граѓаните им се потребни резултати, а не изговори.

На Македонија ѝ требаат реформи, единство околу националните интереси и политичари што ќе дејствуваат наместо постојано да ветуваат.

Линк: https://www.youtube.com/watch?si=rQz0pmGWYMs7p68a&v=DAmGhqdPvCc&feature=youtu.be

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *