Сега сѐ јасно и маски паѓаат како пороен дожд! Набрзина и со скратена постапка, под лажен изговор за усогласување со ЕУ, власта ги силуваше и ги менува парцијално Кривичниот законик и Законот за јавни набавки, само со една единствена цел – да обезбеди целосна неказнивост и да ја озакони високата корупција. Тие свесно и со умисла оставија правни дупки и укинаа одговорности за тешки професионални пропусти, за никој од нивните функционери и соработници никогаш да не одговара пред законот за разграбувањето на државата.

Еве ја вистинската потврда за нивното криминално однесување и зошто им беше потребни овие законски амнестии – за безгрижно да продолжат да течат милионските лукративни тендери за нивните омилени партиски послушници! Истата онаа маркетиншка агенција „Маркет Висион“, која во периодот од 2008 до 2015 година испумпа милиони и милиони евра, од кои над 3 милиони евра државни пари само од тогашниот Генерален секретаријат на Владата, за да му гради автократски рејтинг на режимот и да создава владеење по моделот на Орбан и Вучиќ, сега се враќа на голема врата со нов луксузен договор од 371.674 евра за истражување на јавното мислење. Ова е директен доказ дека целата правна гимнастика и прекројување на законите “по скратена постапка” служи исклучиво за да се подмачкаат криминалните тендерски шеми, да се перат пари преку партиски агенции и да се плати пропагандата што треба да го замолчи револтот на народот. “Скратена постапка” е синоним за “партиски неказнет бизнис”.

Додека македонските семејства се соочуваат со економско цунами, инфлација и сиромаштија, оваа власт си крои закони по мерка на сопствениот криминал. Но, залудно ви се и прикриените измени во законите и милионските договори за купување рејтинзи – народниот гнев се разгорува и јасно стави до знаење дека ваквото безобразие повеќе нема да помине.

Како што паднаа слични автократски режими кај нашите соседи во Србија, Бугарија и Унгарија, така и овие тендер-политичари ќе мора да сносат строга и неселективна одговорност за секој украден денар!

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *