Бараме безусловна гаранција од Владата дека нема да има зголемување на цените на електричната енергија и на топлинската енергија – парното греење, и дека нема да се дозволи ново ценовно цунами врз семејните буџети. Либерално-демократската партија (ЛДП) потсетува дека оваа Влада дојде на власт со големи ветувања дека ќе ги намали давачките за енергија, ќе интервенира кај мрежарината и ќе го заштити животниот стандард на граѓаните. Наместо олеснување, сведочиме на враќање на инфлаторниот притисок и најави за уште еден удар врз греењето и струјата – со што парното во Скопје за една година се турка кон кумулативен раст од околу 20 отсто, додека во постапките на Регулаторната комисија за енергетика се разгледуваат нови поскапувања на парното за околу 7,2 до 7,55 отсто и најави за раст на струјата од два до три отсто.
„Ниту една розева, замислена и фатаморганска статистичка кошница пресметана во владини кабинети не може да ја скрие реалноста на терен: цените на основните прехранбени производи, на давачките и комуналните услуги растат, платите не ги следат зголемувањата на трошоците, а сè повеќе семејства едвај го туркаат месецот и до дваесеттиот ден. Постапките за промена на цените од страна на снабдувачите течат паралелно со уверувањата дека стандардот ќе биде заштитен, а ни беше гарантирано од тие кои се сега на власт дека не смее и нема да има префрлање на целиот товар врз граѓаните,“ укажува Дејанчо Цветановски, член на ИО на ЛДП.
ЛДП потсетува дека секакво, па макар и минимално поскапување на енергијата и греењето ќе значи лажење на народот, изневерување на дадените ветувања и јасен доказ за неспособност за управување и менаџирање во интерес на граѓаните, туку само за префрлање на сметките на грбот на народот и негово понатамошно осиромашување.
Граѓаните не забораваат што е ветено. Ветувањата за заштита на стандардот и пониски енергетски трошоци мора веднаш да се исполнат, или власта нека си замине од функциите за да дојдат оние што знаат и можат да работат во интерес на граѓаните и државата.






No comment yet, add your voice below!