Либералната демократија е за човековите права и слободи, каде индивидуата е во центарот на интерес.
Слобода, рамноправност, толеранција, човекови права, економија базирана на либерални принципи, каде пазарот ги одредува односите, со минимална партиципација на државата, отворен пазар, слободна трговија, слобода на движење, пазарна економија, приватна сопственост.
22 години ЛДП ги застапува идеите и вредностите на либералната демократија. Идејата е важна, важни се и луѓето. Исклучителна плејада на членови, луѓе кои оставија и сеуште оставаат белег во општеството и времето во кое активно се инволвирани во политиката.
Модерните политички процеси се невозможни без либералниот концепт. Остануваме посветени на нашите заложби и стремежи, секогаш на страната на правдата и демократијата, искрено, без калкулации, со многу силна воља и посветеност.
Честит 22 роденден ЛДП!