“Вредностите и посветеноста на либералните идеали во поттикнувањето на родовата еднаквост и зајакнувањето на жените“ беа темите во фокусот на втората сесија од Академијата #AllianceOfHer која се одржа на планината Рила во Бугарија.
Настанот е во организација на FNF East and Southeast Europe во соработка со партијата АЛДЕ , собра учесници од 11 партии од 8 земји, меѓу кои и Цветанка Геговска, член на Извршниот одбор на ЛДП, учествуваше на овој трансформативен настан.
Учесниците на еаботилниците информираа за пораки, брендирање, медиуми и инспиративна приказна за алумните, споделуваа искуства и учеа едни од други. Застапеноста на Либерално-демократската партија ја покажа посветеноста за промовирање на инклузивноста и зајакнувањето на жените во политиката.
 Ние веруваме во моќта на либералните жени и нивните поддржувачки да направат позитивни промени во Европа. Обединети, храбри и гласни ќе обезбедиме еднаква моќ, одлучување и признание за женското лидерство.
Придружете ни се во зајакнувањето на жените во политиката!

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *