🔴⚫️ ЛДП направи храбар чекор за спас на ФК Вардар, претставникот на партијата во Советот на Град Скопје, Никола Пановски, на 32. седница на Советот предложи иницијатива за издвојување од буџетот средства за институционална помош на ФК Вардар.
🔴⚫️ Согледувајќи ја потребата за единство и колективно дејствување, ЛДП стои на чело на иницијативата за спасување на ФК Вардар кои се во статус кво. Наместо да се потпира само на корпоративните донации, кои често предизвикуваат непотребни политички битки, ЛДП се залага за институционален пристап за одржување на работењето на клубот.
🗣️Цврсто веруваме дека е време сите инволвирани страни да им дадат приоритет на играчите и добробитта на клубот пред политичките ривалства. Ги повикуваме ВМРО и СДСМ да исчекорат, да престанат со дослухот и да го поддржат нашиот предлог за доброто на ФК Вардар и неговите посветени навивачи.
🔴⚫️ Како партија сметаме дека предлогот за институционална поддршка на ФК Вардар е можност за сите инволвирани страни да ја покажат својата посветеност за доброто на спортот во нашиот град.
Ја повикуваме Данела Арсовска, како градоначалничка, да ја поддржи оваа клучна иницијатива и да и даде одобрение.
🔴⚫️ ЛДП останува одлучна во својата посветеност за спас на ФК Вардар и ги повикува ВМРО и СДСМ да дејствуваат храбро и да гласаат за овој предлог. Преку надминување на партиските поделби, колективно можеме да обезбедиме посветла иднина за ФК Вардар и да ги одржуваме принципите на правичност и инклузивност во спортот.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *