Нашата партија уште пред неколку години поднесе предлог за бришење на техничката влада, ама тогаш ниту една политичка партија не беше заинтересирана, па предлогот не помина. Затоа сметам дека сега, непосредно пред парламентарните избори, невкусно е да се зборува за истата работа. Освен што е невкусно, туку е и предоцна. Но, сметам дека по завршувањето на изборите сите политички чинители во земјава треба да седнат на маса и сериозно да разговараат за укинување на техничката влада која ни нанесува повеќе штета отколку корист. Кога имаме техничка влада, целата држава станува нефункционална, се преклопуваат позиции, институциите се во расчекор, насекаде владее хаос. Затоа за доброто на државата, треба сите да седнеме и да се ослободиме од техничката влада која не му дава на системот да дише – објаснува Зајкова.
✍️Целата статија прочитајте ја:

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *