
На 5 Април, на Пролетниот конгрес во Загреб организиран од страна Европската либерална младина, со 98,2%

гласови “ЗА”, се усвои резолуција за трагедијата во Кочани, поднесена од страна на ЛиДеМ.

Резолуцијата повикува на мирни протести, слободни од политичко влијание и притисок, транспаретност при истрагата, одговорност на сите засегнати страни и креација на “Парк на Корупција” , каде што беше ноќниот клуб “Пулс” како потсетник за цената што ја плаќаме кога корупцијата и небрежноста не се контролираат.
ЛиДеМ, како подносител на оваа резолуција, изразува искрено сочуство до фамилиите на
жртвите и побрзо закрепнување на повредените. Упатуваме искрена благодарност до нашите либерални пријатели низ Европа, кои ја препознаа важноста на оваа резолуција.

No comment yet, add your voice below!