Либерално-демократската партија (ЛДП) ја изразува својата загриженост за измените на Изборниот законик, со кои укинатиот праг од 1% од вкупните гласачи во општината или градот, потребен за кандидирање на независни кандидати за советници и градоначалници, се заменува со 0,95%. Со ова се доведува во прашање демократскиот плурализам и правото на граѓаните да учествуваат во политичкиот живот.
Со најавените измени на Изборниот законик, независните кандидати за градоначалници и советници ќе мора да соберат најмалку 0,95% потписи од вкупниот број запишани избирачи во општината или Градот Скопје. Овој праг е само „козметичко“ намалување на претходно укинатиот услов од 1%, што Уставниот суд веќе го прогласи за неуставен.
Ваквата измена не претставува никаква реформа, напротив, се повторува истата грешка: Наместо поттикнување на граѓанското учество, се воведуваат нови административни бариери, а не се земени предвид препораките на ОБСЕ/ОДИХР за правична и предвидлива изборна рамка.

Либерално-демократскиот став е јасен: демократијата треба да ги охрабрува и поттикнува на учество, а не да ги обесхрабрува граѓаните кои сакаат да се кандидираат без партиска припадност. Правилата мора да бидат еднакви за сите и доследно усогласени со Уставот и европските стандарди.
Наместо вистински реформи како отворени листи и можност за личен избор на граѓаните, добиваме партиски договори, со што се потврдува потребата од итни суштински промени во изборниот модел.
Време е Собранието вистински да ги слуша граѓаните, а не само партиите.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *