Потребни се подобри мерки и повисоки субвенции за винариите и лозарите, особено во период кога има послаба потрошувачка на вината од црвено грозје.
Државата мора да интервенира час поскоро и тоа со квалитетни и издржани мерки и со изработени економски анализи, кои ќе бидат донесени во консултации со винариите и лозарите.
За сектор како винскиот, кој носи околу 20% од бруто земјоделското производство и е еден од клучните извозни производи на државата, мора да има поддршка и подадена рака.







No comment yet, add your voice below!