Под мотото „Солидарност. Знаење. Промена“, успешно заврши првиот модул на третата генерација на Академијата за жени, кој послужи како значајна платформа за вмрежување на либералните политичарки од регионот. Либерално-демократската партија (ЛДП) активно учествуваше во процесот, потврдувајќи ја својата посветеност на регионалната соработка и родовата еднаквост.

Делегацијата на ЛДП на овој настан беше предводена од претседателката Моника Зајкова, а во нејзин состав беше и Андријана Цветановска, членка на Извршниот одбор на Форумот на жени на ЛДП.

Регионална соработка и размена на искуства Настанот собра 12 истакнати учеснички од Македонија, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Преку предавања од врвни експерти како проф. д-р Сарина Бакиќ и д-р Зилка Спахиќ Шиљак, претставничките на ЛДП учествуваа во анализата на антиродовите движења во Југоисточна Европа и унапредувањето на либералните политики во специфични општествени и религиозни контексти.

„Женските“ прашања се приоритет за целото општество. За време на работните сесии и дискусијата со претседателката на „Наша странка“ (БиХ), Сабина Ќудиќ, претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, помеѓу другото истакна дека борбата за правата на жените не смее да се води изолирано.

„Присуството на ЛДП на оваа Академија е уште еден доказ дека либералните вредности не познаваат граници. Заедно со нашите колешки од регионот работиме на редефинирање на политичката агенда – прашањата за еднаквост и заштита од дискриминација да не бидат само ‘женски теми’, туку врвен граѓански и демократски приоритет за сите,“ изјави Зајкова.

Како резултат на интензивната работа, претставничките на ЛДП, заедно со останатите учеснички, подготви заедничка регионална иницијатива. Овој документ, кој нуди конкретни решенија за подобрување на позицијата на жените во општеството, во претстојниот период ќе биде официјално презентиран и лобиран пред институциите во Македонија, Србија, Хрватска и БиХ.

Со учеството на овој настан, ЛДП уште еднаш се позиционира како клучен партнер во меѓународните иницијативи кои носат знаење, соработка и видливи промени за граѓаните во целиот регион.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *