📖 Прочитана книга — без ново поглавје!

„Детулево од министер“ повторно излезе пред камери да продава бајки дека РС.Македонија била „многу блиску до ЕУ“, а од Брисел истиот ден доби жежок шамар преку лице, нема напредок, нема реформи, нема кредибилитет.

Tамам помисливме дека барем малку ќе поцрвенат од срам и ќе се симнат на земја, не бре брате… Продолжуваат со истата евтина ПР претстава, истиот лажен патриотизам и истиот националромантизам со кој децениски бесрамно ја лажат јавноста.

Тимчоо, ЕУ не е TikTok видео, не е научен говор и драматична гестикулација од комитетот за лаги и манипулации.

Напротив ЕУ е макотрпна работа. Реформи. Институции. Правда. Политичка зрелост!

Не можете дома да продавате хистеричен „патриотизам“, а во Брисел да одите со наведната глава и да се колнете дека „ќе биде“!? Така изгледаат политички незрели деца што уште не научиле како функционира држава.

И тука ,,лежи зајакот, ама ловецот кај да е, ќе се појави”. Вие навистина мислите дека политика е маркетинг, дека државност е прес-конференција, а ЕУ се освојува со телевизиски настапи, научени фрази и партиски памфлети.

Не, бре „детуле“.

Европа не ви верува затоа што Европа бара реформи, владеење на право, институции, борба против корупција и политичка одговорност.

Колку повеќе глумите „големи патриоти“, толку повеќе станува јасно дека патриотизмот ви е само маска за неспособноста.

И додека вие снимате пресови и фотосесии, Моника Зајкова и ЛДП со конкретни чекори отвораат врати за Македонија.

Кога Европскиот комесар Марта Кос беше во Скопје, ЛДП беше меѓу ретките што директно разговараа за деблокада на евроинтеграциите и европската перспектива на државата. Потоа, преку либералната мрежа во Југоисточна Европа, повторно се отворија теми и контакти за Македонија таму каде што вие одамна сте прочитани.

Тоа е разликата, наша и ваша. Некој гради доверба надвор, а некој глуми патриот дома.

ЛДП зборува за институционални реформи, владеење на право, транспарентност, европски стандарди и реална европска агенда. Вие зборувате за камери, рејтинг и политички театар.

Затоа ќе треба на битолски уште многу „сомуни леб“ да изедете за да ,,пораснете политички” и да сфатите дека Европа не се добива со глумење, туку со капацитет, интегритет и резултати.

Веќе сте прочитани.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *