„Забелешките на ОБСЕ/ОДИХР ги чуваме со години. И сега кога дојде условно кажано јајцето пред излегување тогаш тргнаа да ја убрзаат работата за да наводно прикажат дека еве се работи на реформската агенда и ние носиме закони. Меѓутоа јас сум убеден дека ‘шамар’ од Брисел повторно ќе има“, изјави во своето гостување на Топ Тема на Телма ТВ, членот на ИО на ЛДП, Дејанчо Цветановски.
Во врска со финансирањето на партиите за време на изборната кампања, Цветановски посочува дека 90% од средствата ги земаат четирите условно кажано, најголеми политички партии, додека 10% ги делат сите останати.
„Баш поради тоа ние предложивме промена на ваквиот модел. Очигледно бевме, не надгласани, меѓутоа не се прифати консензуално предлогот. Доколку не постои консензус по некое прашање, останува старото решение од претходниот закон и во овој случај, зошто нема консензус, останува старото решение. Многу пари се и луѓето се бунат. Малку е комплицирано и се трудиме да го објасниме тоа. Како што кажав, предложивме и нов модел на распределба на средствата за секој да почне од еднаква основа, меѓутоа очигледно немаат слух големите партии“, додава Цветановски.
Во врска со електронското гласање на дијаспората, Цветановски посочува дека според него, тоа е во крајна линија и противуставно, затоа што не им се овозможува на сите граѓани на Македонија подеднакво да учествуваат на ист начин во изборниот процес.
„Зошто да ѝ овозможиме на дијаспората да гласа електронски? Има оправдание нели, далеку се од конзуларните претставништва итн. Меѓутоа, зошто ние овде, граѓаните во Македонија, не можеме да си го оствариме правото да гласаме електронски?“, прашува Цветановски.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *