Владата наводно „се грижи“ за изгубените 4,2 милиони евра за техничките забелешки на ОБСЕ/ОДИХР за Изборниот законик, а не се расположени да зборуваат зошто не сработија да добиеме речиси 170 милиони евра од Планот за раст.
„Тоа е тој врв на лицемерието и најочигледниот доказ за нивното безобразие! Додека тие прават евтини театри и ронат солзи пред камерите за 4 милиони евра за изборите, со сопствената неспособност извадија од устата на народот и фрлија во буниште речиси 170 милиони евра од европскиот План за раст! Биле шампиони, да Ш во Ш, Шампиони во Ш-лигата, инаку вистината е изгубени 4.2 милиони за изборниот законик и уште повеќе од сто други милиони евра“, изјави претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова во гостување на Телма ТВ.
Според претседателката на ЛДП, Зајкова, за тие изгубени 170 милиони владејачкото мнозинство не снимало патетични ПР-видеа платени со народни пари, ниту пак свикало лидерски средби.
„Ни прават претстава за пари извадени од џебот на сиромашниот Македонец“, децидна е Зајкова.







No comment yet, add your voice below!