По настапот на последните локални избори и освоеното советничко место и по одржаното собрание на 11.07.2026 година, актуелниот советник во Советот на Општина Дебрца, Ромео Печоски, вработен во приватниот сектор, е избран за претседател на Општинската организација на ЛДП Дебрца.
„Особено ми е драго што ЛДП се проширува во Дебрца. Дебрца е општина која е значајна за ЛДП, пред сѐ поради резултатот од последните избори и партијата стои на располагање за секаков вид на помош и кон општинската организација, но и кон самите жителите. ЛДП останува посветена на своите заложби за воведување отворени листи и една изборна единица, електронската нараквица за семејни насилници, намалување и укинување на банкарските провизии и функционери без двојни државјанства.
Новиот претседател на ОО ЛДП Дебрца, Ромео Печоски, во своето излагање истакна дека ќе се залага општината постојано да напредува, да се модернизира и да стане место во кое младите ќе сакаат да живеат. Голем број на жители од оваа општина живеат во Охрид и поради тоа врските меѓу овие две општини се нераскинливи.
Покрај Печоски, на првата седница на општински одбор Даниел Попоски беше избран за секретар на Општинската организација.







No comment yet, add your voice below!