Секој граѓанин заслужува пензионерските денови да ги помине среќен, од таа причина како партија постојано се залагаме за креирање на политики кои системски ќе им го подобрат стандардот на пензионерите.

Ни претставува задоволство што денеска предновогодишно, претседателката на ЛДП Моника Зајкова заедно со дел од сопартијците го посетија Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово.

Со старите лица во Домот отворено зборуваа за тоа како ги уживаат пензионерските денови.

Тие се осврнаа на предизвиците со кои се соочуваат како пензионери, како и на потребата за изградба на повеќе домови од таков тип, осврнувајќи се на демографската состојба во државата и дадоа предлози за тоа како државата може да помогне за олеснување на нивното секојдневие.
No comment yet, add your voice below!