Советникот од редовите на Либерално-демократската партија (ЛДП) во Општина Могила, Иле Дамевски, продолжува со својата хуманитарна активност и директен придонес за локалната заедница. Со најновата донација, обезбедени се средства за комплетно осветлување на крстот кој се издига над селото Свето Тодори.

Инвестиција во локалните обележја
Донацијата, која е обезбедена од сопствени средства на советникот Дамевски, вклучува:

320 метри кабел за електрична инсталација;

Бандери и придружна опрема за поставување на осветлувањето.

Овој крст е значаен симбол за локалното население, сместен во непосредна близина на црквата и манастирот „Свети Теодор Стратилат“, а неговото осветлување дополнително ќе го разубави просторот и ќе ја истакне духовната важност на оваа локација.

Ветувањата претворени во дела.
Ова е веќе петта по ред донација на Дамевски откако е избран на функцијата советник. Со овој чин, тој уште еднаш ја потврдува својата заложба дека неговиот ангажман во локалната самоуправа ќе биде исклучиво во служба на граѓаните.

„Мојата цел е јасна – да ја вратам довербата во институциите преку конкретни дела. Како што ветив пред почетокот на мандатот, сите мои ресурси и капацитети како советник се насочени кон подобрување на условите во секое населено место во Општина Могила,“ изјави Дамевски.

Либерално-демократската партија продолжува да поддржува вакви инцијативи кои доаѓаат директно од терен и кои го подобруваат секојдневието на жителите. Преку вакви примери, покажуваме дека политиката може и мора да биде во служба на народот.

Сектор за односи со јавност
Либерално-демократска партија (ЛДП)

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *