Додека самата министерка нагласи дека во изминатите две години се реализирани бројни реформи насочени кон подобрување на условите и можностите за учениците, студентите, наставниците и научната заедница.
Но дали во реалноста тоа е така? Студентскиот стандард има доживеано страшен пад:
🔴Скратени 7.3 милиони евра за студентски стандард
🔴Супстандарди услови во студентските домови (немање струја и греење заради неплатени сметки, живее со стаорци и мувла)
🔴Воведување на нов закон за студентски стандард каде има ускратување на стипендиите за студенти од социјални категории и двојни стандарди за сместување во студентски домови.
🔴Се уште чекање редови за запишување на семестри, пријавување на исптии и земање на едноставни документи како потврди за редовен студент.
А, од друга страна да не заборавиме што се случува во средните и основите училишта:
🔴Раст на врсничкото насилство
🔴Драмастичем пад на запишани ученици во основите и средните училишта
🔴Закаснување или воопшто немање испораката учебници (кои како и секогаш се полни со печатни грешки) на учениците, но ако нема, децата нека си учат од телевизија.
🔴Закани за затворање на Земјоделското средно училиште и окривување на самото училиште дека “не привлече доволно ученици”

Сега, во продолжение со стратегија за образование, министерката ја објави оптимизацијата на образованието, односно едносменска настава, оптимизација на училишната мрежа и подобро финансирање. На хартија тоа звучи како помалку капацитети, поголема ефикасност, подобри услови и поквалитетно образование. Но, суштинското прашање е дали оваа оптимизација навистина ќе донесе подобар квалитет или само поцентрализиран систем што подобро изгледа во бројките.
Во пракса, затворањето и спојувањето на институции не секогаш значат подобар резултат. Досега видовме како прво се затвораа поштите, потоа амбулантите, следуваа градинките, а сега на ред се училиштата. Образложението секогаш беше исто – „рационализација“. Последиците, пак, се јасни: услугите се оддалечуваат од граѓаните, луѓето се селат, животот сè повеќе се концентрира во неколку поголеми центри, а системот станува неодржлив. На крајот, изборот повеќе не е дали да се преселиш во друг град, туку дали да ја напуштиш државата.

Децата ќе патуваат подолго до училиштата, ќе губат повеќе време, ќе бидат поуморни, а наставниците ќе работат со поголеми групи ученици. Едносменската настава може да биде важен дел од квалитетното образование, но сама по себе не е гаранција за квалитет доколку не е проследена со соодветни инвестиции и финансиска поддршка.

Затоа се поставува прашањето – Дали оваа стратегија е резултат на падот на бројот на ученици, моделот на блок-дотации, растечките фиксни трошоци и плати или, пак, комбинација од сите овие фактори? Ако причината е финансиска, тогаш тоа треба јасно да се каже. Бидејќи кога кратењето се претставува како реформа, најлесно се губи довербата на граѓаните.

Образованието не е бројка. Тоа е темел, кога се менува темелот без сигурна основа, куќата не се гради постабилна, туку само се прави конструкција. Затоа прашањето не е дали треба промена. Туку што оставаме после неа: подобар систем на образование
или подобра статистика? Бидејќи квалитетен живот не се гради само во еден град.
Се гради таму каде што луѓето живеат, со образование, услуги и услови да останат.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *