Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, најголемиот и најстариот државен универзитет во земјава, остана без електрична енергија поради неплатени сметки. Машинскиот, Електротехничкиот, Природно-математичкиот и Земјоделскиот факултет, како и Ректоратот, се соочија со прекин на снабдувањето, а струјата е вратена само привремено, со рок за подмирување на долгот до петок.

Ова не е само финансиски проблем на универзитетот, туку зборува за односот на државата кон образованието и кон младите луѓе, кои се светлосни години далеку од своите европски врсници.

Додека се говори за модернизација, дигитализација и европска иднина, студентите и професорите се соочуваат со основни проблеми, како на пример дали нивниот факултет воопшто ќе има струја за да може непречено да се одржува наставата.

Либерално-демократската младина (ЛиДеМ) бара итно подмирување на обврските, но и јавно објаснување од Министерката за образование и наука, Весна Јаневска и министерството, како е дозволено да се натрупа ваков долг и кој ќе сноси одговорност за тоа?

Образованието не е трошок што може да се „заборави“ во предвидувањето на буџетот, тоа е основно право на младите и инвестиција во иднината на државата!

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *