Успешно организиран и спроведен семинар на тема: „Како до ефикасни и ефективни политики“ кој се одржува во Велес со поддршка на Фридрих Науман Фондацијата!
На почетокот свое излагање имаше претседателката на Форумот, Билјана Аврамоска Ѓореска која ја нагласи потребата за подобрување на функционирање на Форумот, преку зајакнувањето на учество на жените преку искуства и практики.
Форумот иницира реални политики за поттикнување на вклученост на жените со цел подобрувања и унапредување во социо-економската сфера, здравството, образованието, животната средина…

Имавме можност да слушнеме повеќе од комуникологот Бојан Кордалов за важноста од вклученост на секоја личност во носењето на одлуки, како и влијанието на комуникацијата врз поддшката за секоја нова предлог мерка, активност или политика. Тој говореше и за тоа како да се добие поддршката од јавноста за политиките и како Форумот да биде попрепознатлив во јавноста.
Дел од семинатор беше и  претседателката на ЛДП, Моника Зајкова која во своето обраќање на тема „Како до ефикасни и ефективни политики“ истакна дека потребно е креирање на политики во интерес на граѓаните, како и реални иницијативи со кои ќе ги поттикнеме жените за вклученост во процесот на креирање на политики.
Семинарот беше исполнет со практични работилници на коиа нашите учеснички разработуваа и понудија конкретни решенија и иницијативи кои Форумот ќе ги спроведе во следниот период.
.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *