Либералната идеологија е длабоко вкоренета во темелита на Европската Унија, а либералите во Северна Македонија неуморно го трасираат патот кон нашето членство во Унијата!
 Земјите кои работат за членство во ЕУ треба да се мотивираат со признавање на досегашниот прогрес, наместо да им се поставуваат цели кои се повеќе им изгледаат невозможни, а со тоа да бидат демотивирани, е пораката што ја испрати претседателката на ЛДП Моника Зајкова на македонски јазик во Софија до останатите приврзаници на либерализмот, со кои говореше денеска на конференцијата „Повторно креирање на Европа: Либералната визија за Европа во иднината“.
Нашата визија е јасна – пресликување на европските вредности и практики во нашата земја и поскоро приклучување кон европското семејство!
Во рамки на панелот „Стара Европа – Нова Европа – Европската интеграција денес и во иднина“ нагласив дека ни е потребна ,,нова” Европа – обединета и стабилна, осврнувајќи се на менување на реториката кон земјите кандидати за членство во Унијата, со цел надминување на препреките и скорешно членство во ЕУ.
Слушајќи ги ставовите на секој поединец во нашето општество, бидејќи за нас секој е важен, ја потврдивме нашата мисија – за Македонија не постои друг пат, освен европскиот!
.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *