„Не е проблем што крадат идеи, проблем е што доцнат 15 години“, пишува во објава на социјалните мрежи членот на ИО на ЛДП, Бобан Јанкоски, во однос на дебатата за укинување на можноста за двојно државјанство на пратениците и државните функционери.
Вчера претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, во објава на социјалните мрежи ги повика колегите пратеници и останати државни функционери со личен пример, преку заверени изјави на нотар, да потврдат дека немаат друго државјанство освен македонското.
„Нели ви е преку глава од дволичноста и двојните стандарди на „големите“ партии? Законот треба да важи еднакво за сите! Како што важи за претседателот на државата, за јавниот обвинител, за амбасадорите – така да важи и за сите избрани и именувани лица. БЕЗ ИСКЛУЧОК. ОД ДЕНЕС! Еве, нека немаат двојно државјанство и пратениците, и министрите, и директорите – сите. И тоа да важи за СЕГАШНИТЕ, без одлагање“, напиша во објавата на социјалните мрежи претседателката Зајкова.
Јанкоски потсетува дека токму ЛДП го поднесе предлогот за укинување на можноста за поседување на двојно државјанство на пратениците и државните функционери уште пред 15 години, но до сега ова прашање беше игнорирано од големите партии.
„Ова е предлог на ЛДП во 2011 година – во програмата Има излез. Некогаш пред времето, некогаш со погрешни проценки, но секогаш свои“, пишува Јанкоски во објавата.

https://www.facebook.com/share/p/18KRS8kLbk/

 

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *