👉 СПРЕМНИ ЗА ПРОВЕРКА!
Драги „патриоти“ на батерии, 🇲🇰
Во политика не се владее со ПР патриотизам, спинови и глумење државотворност пред камери.
Се владее со дела, резултати и доверба што граѓаните ја чувствуваат секој ден.
Форма без материја трае кратко.
Резултатите или нивното отсуство остануваат, веќе не може да се сокриете зад името, знамето, двојното државјанство и патетичните говори.
Додека вие продавате „патриотизам“,
граѓаните гледаат двојни аршини, двојни стандарди и двојни лојалности.
Затоа ги поздравувам сите јавни личности од ЛДП Македонија кои се одзваа на повикот за транспарентност и одговорност.
Една „минорна“ партија со речиси 30 години политички стаж денес ви одржа лекција по интегритет.
ДВОЈНИ ДРЖАВЈАНСТВА ЗА НИКОЈ.
Тоа не е парола за митинг.
Тоа е принцип за држава.
И тука е разликата меѓу нас и вас:
ние бараме доверба преку личен пример,
вие барате аплауз преку лажен ПР патриотизам.
Како што најавив и во мојот прес
за јавните функционери нема место за двојни стандарди, ниту за двојни „лојалисти“.
Секој што бара доверба од народот,
прво мора да покаже јасна лојалност кон државата, се друго е само маска и театар.
Александар Цветкоски, член на ИО на ЛДП







No comment yet, add your voice below!