Никој не верува на тоа што го говорат. Што точно крие власта зад овој финансиски дебакл, прашува Либерално-демократската партија (ЛДП). Гувернерот и власта се исправаат пред камерите со цинични уверувања дека сè е под контрола и најавуваат брза продажба на пропаднатата банка на сомнителни домашни и странски играчи, но никој не верува, а македонската јавност има право да ја знае целата вистина!
Какви високи коруптивни зделки и задкулисни договори склопија високи претставници од власта кои со години кокетираа со авторитарните режими на Орбан и со регионалните олигарси, носејќи ни ги на македонскиот пазар овие економски експлозиви што сега се распаѓаат како кула од карти?
Ова не е само обичен пазарен инцидент, туку епилог на опасен клиенттелизам во кој режимски капитал влезе во земјава со политички амин, а сега се урива по систем на домино, влечејќи ја целата економија накај провалија.
Народот со право прашува – кој ги украде и каде завршија милионите, и што е најстрашно, дали оваа огромна дупка ќе се прекршува преку грбот на граѓаните и дали обесштетувањето и спасувањето на пропаднатите структури ќе се плаќа директно од државниот буџет и од секој скршен денар на македонскиот даночен обврзник? Додека ИТ експертите „френетично“ се обидуваат да спасуваат системи, а компаниите и работниците не можат да си ги подигнат платите за да преживеат, власта се обидува со козметички мерки и автобуски превози за пензионери да го сокрие систематскиот економски хаос што самата го создаде.
ЛДП предупредува дека по колапсот на овие корумпирани модели Македонија може да се соочи со сериозен економски удар и лавина од нерешени финансиски скандали за кои некој мора да сноси кривична и политичка одговорност. Празни соопштенија и наместени аукции нема да може да ја покријат високата корупција на властодршците.
Бараме итна, транспарентна и меѓународна финансиска истрага – народот нема намера да ги плаќа туѓите криминални авантури и да биде колатерална штета на туѓите олигархиски игри!






No comment yet, add your voice below!