Македонија е заглавена на третото место во регионот на Западен Балкан, губејќи над 400 милиони евра европски пари поради неспособност и неиспорачани реформи, а дома се фрлаат стотици милиони евра за заменици-директори, кабинети и непотребен луксуз, додека за граѓаните постојано „нема пари“, резимираше потпретседателот на Либералната интернационала, Емил Кирјас, во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ24. Неговите пораки – токму во предвечерјето на регионалната либерална конференција „Кво вадис Европа? / Каде се движиш Европа?“ во Скопје – се моќна меѓународна потврда за политиките и борбата на Либерално-демократската партија (ЛДП).
„Кога сака да се има казнивост во оваа држава функционира веднаш – како со ‚Сејф сити‘, веднаш ти доаѓа СМС, веднаш ти земаат пари од сметка, веднаш ти се пишуваат казнени поени, па уште одат да се фалат во Дубаи дека имплементацијата на системот функционира тип-топ. А за заштита на човечки живот да се најдат пари е проблем. Заклучокот е многу јасен: нема желба да се има казнивост за функционерите и за криминалот, туку само за граѓаните“, порача Емил Кирјас, потпретседател на Либералната интернационала, на ТВ24.
Со своите либерални ставови тој се стави цврсто на страната на граѓаните, затоа што вистинската држава се гради со дела на институциите и функционерите, а не со стикери, празни ветувања и казни врз народот. Оттаму и инсистирањето на ЛДП веднаш да се пуштат во употреба електронските нараквици за спас на жените, да им се исплати на студентите тоа што по закон им следува, да има лекови на Онкологија и да се воведе неселективна правда каде што моќниците ќе одговараат пред законот.
ЛДП ги повикува сите слободоумни граѓани кои сакаат модерна, праведна и европска Македонија да ни се приклучат и да бидат наши гости на отворената регионална либерална конференција „Кво вадис Европа?“, во организација на ЛДП и либералите од регионот и Европа, која ќе се одржи оваа сабота попладне и недела наутро во хотелот „Александар Палас“ во Скопје – вратите се ширум отворени за вашиот глас и поддршка!







No comment yet, add your voice below!