Чувај ме боже од вакви „пријатели“, вели народната мудрост кога ќе ги случне патетичните изјави на премиерот Христијан Мицкоски дека тој бил „голем поддржувач и другар на студентите“. Вистинскиот пријател не ти го крши законот за да ти го извади од уста и тоа малку што со закон ти следи! Со години законската обврска за зголемување на студентскиот субвенциониран оброк свесно се игнорира и не се испорачува, додека истиот тој премиер носи буџети и ребаланси во кои има пари за сѐ, освен за студентскиот стандард, потсетува Либерално-демократската партија (ЛДП)
Каков „пријател“ е оној кој преку ноќ наоѓа буџетски милиони да измислува непостоечки функции, астрономски плати, бенефиции и дипломатски фотелји во Брисел за своите политички партнери како Арбен Фетаи, а на студентите им испорачува чистење на нивните права и отворено беззаконие? Наместо законско усогласување и покачување на студентскиот оброк, премиерот дели патетични лекции за „пристојност“ и продава магла со некакви идни попусти и привилегии, сведени на медиумски-трикови.
Либерално-демократската партија (ЛДП) му порачува на Мицкоски дека студентскиот стандард не е негова приватна желботека, ниту пак младите бараат лажна емпатија за тој да си подготвува терен за враќање на факултет кога ќе му заврши политичката кариера. Студентите бараат почитување на законот и веднаш зголемување на студентскиот оброк!
Престанете со беозбразието да измислувате луксузи за партиските пријатели и испорачајте го тоа што им припаѓа на оние кои ја градат иднината на оваа држава.






No comment yet, add your voice below!