Па дали е ова возможно?! Дали може вакво нешто да изјави некој што ѝ мисли добро на Македонија?! Откако Брисел му ја даде реалната оценка – „тројче“ со 10% зголемување на средствата од Планот за раст, додека Албанија и Црна Гора добија 15% за сработените реформи – премиерот Христијан Мицкоски, наместо да се соочи со сопствената неспособност, од Брисел порача дека нивниот пат кон ЕУ личел на „автобус што се клати“. Неверојатно!
Македонските граѓани и Либерално-демократската партија се шокирани. Ова ли е професорски, ова ли е даскалски, ова ли е едукативно и дали е ова „лидерски“ – ем доби тројче, ем ги понижи оние што добија повисока оценка и одат напред?
Оваа изјава е врв на политичката ароганција и дипломатската неодговорност. Откако власта нè заглави на европскиот пат и на третото место во регионот и не е способна да испорача ниту половина од реформите, сега уште ни недостасува да нè испокара со Албанија и Црна Гора! Додека нивните „автобуси“ ги отвораат и затвораат поглавјата, додека за нивните граѓани се повлекуваат повеќе европски пари од фондовите на ЕУ, нашиот воз под раководство на оваа влада стои паркиран во место, заглавен во празни изговори и самобендисани метафори.
Македонија НЕ го заслужува ова! Не заслужуваме премиер кој со потсмев и надменост гледа кон соседите што успеваат, само за да го прикрие сопствениот неуспех дома. Доста! Престанете да ја срамите државата и да создавате нови непријатели во регионот – не во наше име!






No comment yet, add your voice below!