Либералано-демократската партија вчеравечер од Штип ги почна трибините „Размислувај различно” на кои со граѓаните и членството се разговара и се презентираа различните ставови и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ.
Претседателот на ЛДП, Горан Милевски истакна дека тие се трета опција во земјава и имаат принципелни ставови.
“…Целта ни е да ги презентираме нашите ставови од економијата, на пример ние бевме против прогресивниот данок, сега се виде дека сите останати се вратија на рамниот данок, како политика којашто ја задржавме од 1998 година, се боревме за неа и имавме принципелни ставови. Ние се бориме за малите бизниси, за приватниот капитал, претприемачите, а не за крупниот капитал, за него во светот се борат демохристијаните, социјадемократите се борат за социјалните, работничките права…“
Тој исто така истакна дека на трибините ќе опфатат и многу табу теми за државата, какошто се легализацијата на марихуаната, превработеноста во јавната админситрација, ограничување на бројот во администрацијата и насочување на парите кон приватниот сектор.
“…Значи се она што големите не сакаат да го истакнат, бидејќи се плашат да не го разочараат гласачкото тело. Ние сме тука да предочиме без популизам, реално да ги согледаме сите аспекти на животната средина, мерките коишто треба да се преземат…“, рече Милевски.
Претседателот на ЛДП порача дека тие како партија се залагаат за една изборна единица.
“…Тоа е реално, тука е и нашата пратеничка, којашто е дел од потпишаните 16 пратеници, коишто достваија предлог до Собранието. Сега на ред се пратениците да се изјаснат дали се за, ја поддржуваат оваа иницијатива, а за тоа треба само 61 пратеник. Мислам по моите математики дека 64 или 65 пратеници се спремни да го дадат гласот за една изборна единица…“
Забележа дека по ова прашање партиите треба да имаат консензус, затоа што како што рече, утре ако на власт дојде друга политичка опција може да направи друг модел без да ги консултира останатите партии.
“…Затоа сме за консензус, меѓутоа доколку тој консензус е на штета на демократијата и на демокртаскиот развој треба еднаш да се пресечи и да се ослободи Македонија од влијанието на лидерот во партијата, којшто потоа се рефлектира и на државно ниво и велиме дека има заробена држава, односно тоа е токму поаѓа од големата моќ, којашто ја има лидерот, којашто би се нарушила, ако особено има отворени листи на изборите. Доколку нема простор за една изборна единица, ние се залагаме да се задржат постојните шест изборни единици, но да има отворени листи…“, рече Милевски.
Смета дека на овој начин самите граѓани од градовите и од изборните единици ќе ги формираат листите, а не лидерот на партијата. На овој начин ќе се види и кој ја има поддршката за да се најде на листите. Милевски којшто е и актуелен министер за локална самоуправа на новинарско прашање за објавените огласи од страна на државни институции, министерства, општини и агенции вели дека во одредени институции поради заминување на вработени во пензија или странство не можат да функционираат, а во други пак институции има превработеност.
-Затоа треба да се направи еден пресек и анализа каде имаме превработеност, а каде има недостаток на кадри, па можеме да направиме прераспределба, на нас не ни е важно дали ќе има оглас или ќе преземеме од друга институција. Секој да биде функционален на местото, каде што работи. Општините мислиме дека треба да се ограничи бројот, секоја општина да се знае колку може да вработува, па ако некој оди во пензија или замине по било која основа од работа неговото место да се пополни со друг, рече Милевски.
Тој очекува од буџетот за 2020 година да бидат распределени 450 милиони денари за проекти кон општините, односно осумте плански региони преку Програмата за рамномерен регионален развој. Се надева дека општините ќе го следат примерот на Штип, којашто со средства од оваа програма, но и со сопствени средства гради детска градинка, а не да се насочат кон помали проекти или кон купување на нови автомобили и вработувања.
Извор: fokus.mk