ЛДП од трибината во Центар:
Позитивни промени во општеството и исполнувања на сите поглавја на ЕУ за нашата земја беа главните теми за кои се дискутираа пред членовите на втората граѓанска трибина на ЛДП, „Размислувај различно, либерално кон Европа“ во Даре Џамбаз во Скопје. На трибината на сите учесници добредојде им посака Андреј Јосифовски, претседателот на општинската организација на ЛДП од Центар како и специјалниот гостин од Словенија, Роман Јакиќ, политичар и претседател на LIВSEEN којшто на сите им порача дека Македонија не е сама во Европа. „Во Европа не сте сами, не е Европа само Франција, туку Европа се 28 самостојни и суверени држави која одлучуваат сами, но сепак под чадорот на ЕУ. Морам да ви кажам дека, лично јас, како словенечки политичар заедно со моите колеги од останатите 27 држави, бевме шокирани кога чувме дека Македонија не може да ги започне преговорите со ЕУ“ вели политичарот Јакиќ. „Иновативна Европа, хакатон за безбедноста“ е конференцијата која се организира во Македонија за аспирациите на земјата во НАТО под палка на др. Рajнер Адам директор на Фондација Фридрих Науман за ЈИЕ кој на трибината рече: „Ние како Либерална партија многу силно го подржуваме членството на Северна Македонија во ЕУ и НАТО, токму тоа го имаме документирано во нашите одлуки во партијата. Можеме да кажеме дека не сме многу среќни што вашата земја имаше француско вето и со тоа беше одбиена за преговорите со ЕУ“. Да не гледаме црно и бело поточно само лево или десно, потребна е шареноликост во политиката, да се обидат за младите кои ќе останат во земјата сите да им се даде еднаква шанса порача потпретседателката на партијата, Моника Зајкова. „Кога имаме време кога треба да се случуваат промени, едните дигаат ѕидови други градат ветерници, ЛДП е онаа која ќе ги гради ветерниците на различни размислувања. Треба да престанеме со голиот популизам и лажните ветувања, на пример ќе ги вратиме младите, ќе направиме ветинг, туку сите да изградиме една држава која размислува различно и која што нуди еднакви права за сите но и правичност за сите пред законот“ потенцираше Зајкова. Емил Кирјас, потпретседател на Либералната Интернационална, пред присутните повтори дека било шокантно за сите политичари дека Франција во последен момент го променила ставот за да даде зелено светло за Македонија во ЕУ. Тој потенцираше дека треба сите заедно да сме сплотени и заедно да градиме подобро општесто. „Верувам и убеден сум дека имаме капацитет и сакам да ве охрабрам да не се откажувате туку секоја пречка што ќе застане пред вас како личности и пред нас, како партија и како држава да ја гледаме како предност која што ќе ни овозможи да бидеме посилни и помоќни, мали сме ама сплотени можеме. Во Европа ќе не сакаат ако влеземе со сопствен став. ЛДП има сопствен став, да не се срамиме и да размислуваме да го кажеме гласно“ нагласи Кирјас. Претседателот на партијата, Горан Милевски, рече дека ЛДП се залага за подобра иднина на граѓаните како и до сега, покрај многубројните проблеми со кои се соочуваме сите во моментот еден од најактуелните и значајни проблемие е решавање на проблемот со загадувањето. Според него најважно е да го најдеме и спречиме причинителот за загадување на воздухот во Скопје и целата држава. „Не може 30 години наназад сите да се чудиме од каде е изворот на загадување на Скопје, сите да се жалиме дека во Скопје не се дише, а никој не презема мерки тоа да се промени. Една од нашите заложби е да се детекриаат проблемите, државата да оддели средства, да помогне во поддршката на луѓето кои живеат во урбаните средини за поквалитетен живот“ истакна претседателот Милевски. Во следниот период Либерално-демократска партија низ Македонија ќе организира трибини на кои пред своите членови ќе ги потенцира своите либерални вредности и ќе ги натера граѓаните да размислуваат различно и да ги споделат своите ставови.