Извадок од интервјуто во Политика:
👉🏻 Треба да разбереме на Балканот дека треба да градиме мостови а не ѕидови, не може преку ноќ историјата што сме ја учеле да ја избришеме, ниту пак да направиме бришење и не постоење на колективната општествена меморија.
👉🏻 Полноправното членство во Европска Унија е една од стратешките цели кон кои се стремиме како држава. Затоа и голем дел од политиките се насочени кон исполнување на оваа цел, бидејќи природно и според местоположбата ние сме дел од Европа односно европскиот континент и негуваме европски стандарди кои водат кон тоа да имаме подобро утре како за нас, така и за идните генерации. Морам да се согласам дека расте евроскептицизмот, но сеуште ЕУ е најдобриот проект кој некогаш се основал и концепт за интернационална синергија и заедништво.
👉🏻 Отворен Балкан e стратегиски концепт на меѓусебна зависност и соработка кој дава резултати и повеќе не зближува, но се надевам дека истиот ќе биде апсолвиран со влез во Европската Унија на земјите кои се дел од истиот, целосно исклучувајќи ја можноста тој да прерасне во супститут и пандан на ЕУ на Балканот.
Само добрососедски односи меѓу полноправни земји членки на ЕУ може да градат развиен европски Балкан.
👉🏻 Балканот отсекогаш е тло со политичко-регионална нестабилност, но не за новите генерации. Билатералните односи со нашиот северен сосед Република Србија се на едно високо позиционирано завидно ниво кое резултираше со решавање на деценискиот проблем помеѓу МПЦ-Охридска Архиепископија и СПЦ, како и взаемната поддршка во сите области за полесно пребродување на кризниот период кој не зафати сите нас и ни претстои уште еден кризен бран со иста динамика.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *