Иницијатива на ЛДП и “Нула отпад”: Поставени 10 контејнери за електричен и електронски отпад во Зелениково
Поставени се 10 контејнери за собирање на електричен и електронски отпад како и отпадни батерии и акумулатори на територијата на Општина Зелениково , на иницијатива членката на Либерално демократската партија во Советот, Жаклина Николовска.
Цената на технолошката револуција доаѓа и во форма за која многу малку се зборува, а тоа е отпадот. Неговата лавина се заканува сите да не затрупа. Светот се дави во сопствениот електронски и електричен отпад, односно во продуктите од својот развој и напредок. Токму затоа беше и поднесена иницијативата со цел да се подигне свеста на граѓаните за одделното собирање на овој отпад и неговото влијание врз здравјето на луѓето и животната средина.
Николовска во декември минатата година поднесе иницијатива за воспоставување на ефикасен систем за управување со отпадни батерии и акумулатори, но и со отпадна елекрична и електронска опрема согласно законите за управување со ваков отпад кога беше и изгласан предлогот на седницата на Советот на општина Зелениково со седум гласа ЗА.
Во април 2023 општината потпиша Меморандум за соработка со Друштвото за управување со отпад “Нула Отпад “Скопје, како и со Јавното комунално претпријатие во општината.
No comment yet, add your voice below!