Форум на жени на ЛДП и Иницијатива 50%
Вечерва, со поддршка од Либералниот Институт и Фондација Борис Дивковиќ, претставничките на Форумот на жени на ЛДП и Иницијатива 50% од Босна и Херцеговина одржаа состанок на ЗООМ на кој се дефинираа правците и активностите за натамошна соработка.
Во наредниот период оваа соработка ќе продолжи со одржување на семинар на кој главна цел е размена на искуства помеѓу Форумите со цел понатамошно проширување и делување во својата средина и надминување на индивидуалните, социо-културолошки и институционални бариери во учеството на жените во политиката.
- Борба за рамноправност, 50% застапеност на жените.
- Потребни ни се силни жени. Жени кои ќе ги охрабруваат и поддржуваат другите жени.
- Жени кои ќе живеат без страв.
- Жени кои ќе стојат цврсто.
No comment yet, add your voice below!