Воведување на функционална проценка претставува темелна реформа во системот за здравствена заштита, образование и социјална заштита за децата и младите кои се соочуваат со некаков здравствен проблем и/или попреченост.

Со функционалната проценката акцентот се става на способностите и потребите како и на обезбедување соодветна поддршка тие способности да се развијат во најголема можна мера.
#ЛДП и понатака ќе продолжи да го поддржува овој процес и да се залага за поголема децентрализација на услугите и за подобрување на пристапноста до сервиси за поддршка и услуги како што се раната интервенција, логопедски третмани, физикална терапија, за да може сите деца со попреченост да имаат еднаков пристап до квалитетни услуги без разлика на местото на живеење.
.
No comment yet, add your voice below!