Изминатиот викенд (04.03.2023 година) се одржа 6-тото редовно изборно Собрание на Форумот на жени на ЛДП.
Во грисуство на голем број делегатки и гости/нки за Претседателка беше реизбрана Билјана Аврамоска- Ѓореска која во своето обраќање изјави:
“Иницијативите и поддршката од жените за жените е важна во нашето општество, потребна е континуирана проактивност, иницијативи за жените предлагани не само од жените туку и од мажите. Треба да си подадеме рака една на друга доколку сакаме видливи резултати, не само на хартија туку и во реалноста.“
Исто така, беше избрано и нов Централен одбор, и нов Надзорен одбор, на Форумот за наредниот 4 годишен период.
За Генерална секретарка беше реизбрана Евдокија Тасеска која и во претходниот мандат ја извршуваше оваа функција.
На присутните им се обрати и претседателката на партијата Моника Зајкова:
“Вие жените сте силни и храбри и треба да продолжите активно да им пркосите на сите предизвици кои ги живееме како жени во овој сѐ уште машки свет.“

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *