За процесот на европска интеграција и меѓународните активности на ЛДП во промовирањето на либералните политики и иницијативи во Северна Македонија, беше една од точките на средбата која претседателката на ЛДП Моника Зајкова ја имаше со Амбасадорот на Франција Н.Е. Сирил Бомгартнер.
Францускиот амбасадор ја изрази својата поддршка за интеграцијата на земјава во Европската Унија и ги пофали напорите на ЛДП на овој план.
Разговараа за актуелните политички случувања на земјава и потребата за конкретни чекори во правосудството, образованието, животната средина.
Претседателката го информираше дека како членка на Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ), ЛДП останува посветена на унапредување на либералните политики и вредности во Македонија.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *