На овој ден, мораме да ја потврдиме нашата посветеност да ставиме крај на родовото насилство и дискриминација, да го затвориме родовиот јаз во платите и да ги промовираме правата и можностите на жените во секоја сфера од животот. Мораме неуморно да работиме на зајакнување на жените и девојките, за да се осигураме дека ние го имаме она што ни е најпотребно во Македонија а тоа ееднаквост, образование, сигурна здравствената заштита и ресурсите што ни се потребни за да успееме и да напредуваме, рече пратеничката и лидерката на ЛДП Моника Зајкова во македонскиот парламент.

– Денес, да ги славиме достигнувањата на жените низ историјата и им оддаваме чест на предводничките кои се бореа за правата на жените и овозможија напредок. Но треба и да потсетиме дека имаме уште многу работа во едукацијата за родовата еднаквост од најрана возраст, борбата со насилството и омоќувањето на жената. 8-ми Март не е само еден ден во кој ќе добиеме цвеќе во знак на внимание туку овој меѓународен ден е за потсетување на борбата за економска, политичка и социјална еднаквост на жените. Борбата против современиот патријархат не е завршена. Да ја славиме нашата храброст, нашата сила и нашата издржливост. Како либерал-демократка иполитичарка, верувам дека родовата еднаквост не е само морален императив, туку и економска и социјална неопходност.

Зајкова додаде и дека ни требаат повеќе жени лидерки, повеќе жени на клучни позиции за креирање на одлуки, силни самохрани мајки кои не се чувствуваат напуштени од системот.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *