Економијата во Северна Македонија, актуелната политичка ситуација и континуираната поддршка на Германија за напорите на нашата земја да се приклучи на Европската унија, беа темите на денешната средба која ја одржав со Ото Граф, вршител на должност амбасадор на Сојузна Република Германија.
🟡Разменивме мислења за предизвиците за градење силни, демократски институции и промовирање на транспарентност и отчетност во сите области на владеење.
🔵На средбата изразив благодарност за посветеноста на Германија да и помогне на нашата земја да се усогласи со стандардите и регулативите на ЕУ и ги истраживме потенцијалните области на партнерство за да ги унапредиме нашите заеднички цели.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *