На само стотици метри од урбаниот дел, во 21 век сеуште во #ГазиБаба имаме канали. Оваа дупка претставува извор на зарази и небезбеден премин за жителите на н.м Сингелиќ.
Се поставува прашањето зошто после две години немаме ниту еден голем капитален проект од сферата на инфраструктурата, одвод, канализација, домови на култура кои беа ветени во предизборната кампања на градоначалникот Бобан Стефковски, впрочем и наназад 26 години колку што ВМРО ДПМНЕ е на локална власт во Гази Баба?
Да го потсетиме градоначалникот Бобан дека и Сингелиќ се наоѓа во општина Гази Баба, ако до сега не бил запознаен.
Како што е важен Сингелиќ, важно е и Ченто. Важни се Колонија, Идризово, Маџари, Хиподром, Булачани, Раштак, Железара, Автокоманда и другите населени места.
Во недостиг на капитални и инфраструктурни решенија, секогаш е добро позната националистичката реторика.
Граѓаните на Гази Баба заслужуваат одговорен градоначалник, бидејќи #СекојЕВажен !

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *