Денеска караванот #СекојЕВажен предводен од претседателката на #ЛДП Моника Зајкова пристигна во општина Струмица, со цел директно од граѓаните да ги чуеме потребите кои ги имаат.
Со голема посветеност струмичани детално ни ги објаснија предизвиците со кои се соочуваат, но исто така дадоа и предлог решенија со цел надминување на истите.
Она што беше клучно во текот на средбите со граѓаните, е тоа што ни дадоа огромна поддршка за нашето работење и за политиките кои ги воведуваме. Од нив слушнавме сугестии кои ќе бидат внесени во нашите програми.
Зборувавме за економската и политичката состојба, образованието и здравството.
Гласот на граѓаните е темелот на нашето дејствување, и токму од таа причина секојдневно сме меѓу нив и постојано зборуваме за положбата во која се наоѓа нашето општество и врз основа на нивните препораки креираме политики за кои неуморно се бориме да бидат донесени и спроведени со цел подобрување на животот и градење на модерна и европска Македонија!
Користиме колачиња (cookies) кои не содржат лични податоци, за да го подобриме Вашето корисничко искуство, да ги извршиме Вашите нагодувања, да анализираме интернет сообраќај и подобро да ја заштитиме нашата интернет страна. Продолжете со користење и прифатете ги сите доколку се согласувате со начинот на употреба на колачиња.Прифатете
No comment yet, add your voice below!