Лидерот на Либерално демократската партија Горан Милевски, вели дека релациите со СДСМ им се коректни, но дека на локалните избори оваа партија ќе настапи самостојно, бидејќи сакале да ја зголемат политичката понуда во земјава.
Оваа изјава тој ја даде во гостување за ТВ 24.
„Подолго време се подготвувавме за самостоен настап на локални избори. Сакавме да дадеме тежина на самостоен настап затоа што пет изборни циклуси одевме во коалиции. Сакаме да ги демантираме шпекулациите дека ова е за подигнување на цената во коалицијата. Да ја зголемиме политичката понуда. Коалиција се прави само кога имаме враќање на деммократија, затоа во 2014, но и 2016 година одевме заедно, мораше да се руши систем кој не беше можно да се турне ако сме разединети“, рече меѓу другото Милевски.
Според него, во земјава доволно се направиле реформи, па сметаат дека сите треба да ги понудат сите програми.
Вели дека релациите на оваа партија со најголемата владејачка партија, СДСМ, се коректни.
“Граѓаните треба да имаат либерална опција. Граѓаните ќе имаат поширок спектар за избор. На последните избори имаше многу мал одзив. Коректни ни се релациите со СДСМ“, изјави Милевски за Студио 10 на ТВ24.
Целото годтување може да го проследите на следниот линк
No comment yet, add your voice below!