Денес, потпретседателката на ЛДП, Миника Зајкова, како дел од делегацијата на Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ), учествува во мисијата за набљудување на парламентарните избори во Република Бугарија.
Во делегацијата, покрај Моника Зајкова се и пратениците Халил Снопче и Игор Јанушев.
Целата мисијата се состои од околу 45 парламентарци од 12 земји на ОБСЕ, кои се распоредени за набљудување на парламентарните избори во главниот град Софија и другите региони. Набљудувачите на ПС на ОБСЕ тесно соработуваат со колегите од Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОБСЕ/ОДИХР) и од Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Непорседно пред изборите, набљудувачите учествуваа на онлајн брифинзи со високи претставници на политичките партии и коалиции што учествуваат на парламенарните избори во Бугарија, со шефот и експертите на Долгорочната мисија на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на изборите, со претседателите на Централната изборна комисија, Советот за електронски медиуми и Националниот завод за ревизија, како и претставници на медиумите и аналитичари.
На 5 април, ден по изборите, набљудувачите ќе ја презентираат прелиминарната изјава со проценка на изборите на прес-конференција во Софија, која ќе се пренесува во живо на веб-страницата на ПС на ОБСЕ (www.oscepa.org).
No comment yet, add your voice below!