За ефикасното и домаќинското работење на општините, за моменталната состојба во Град Скопје, загадувањето, како и за идните планови на Владата во интервју за Фронтлајн говори министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.
- Сублимирајќи ги ефектите во работата на општините во 2022 година, во интервју за Фронтлајн, констатира дека изминатата година немало капитални инвестиции во општините и дека таа година е со најниско нивото на инвестирање. При тоа, министерот Пенов во предвид ги зема и објективните и субјективните причини за тоа. Во објективните секако спаѓа енергетската криза која доаѓа по ковид пандемијата кој исто така ги наруши економските текови.
- Децентрализацијата функционира од 2005 година, тоа се 18 години, а не можеме да почувствуваме промена во преземање на обврските. Тоа значи дека децентрализаџијата се доживува само според системот „дајте ни повеќе пари“, повеќе пари од ДДВ, повеќе пари од други приходи… Тоа и се одвива, можеби со бавна динамика, но се случува.
- Тоа не се проекти, тоа се само идеи. На пример 250 електрични автобуси за Скопје, тоа е идеја, тоа не е проект. Граѓаните треба да водат сметка на што наседнуваат за време на изборните кампањи.
- Главен приоритет ќе биде зајакнување на капацитетите на општините, да ги вовлечеме повеќе во овие европски проекти. Замислете ИПА 3 почнала 2021, ние сме 2023, а ИПА 3 ни е отворен само со Бугарија, а во февруари со Грција. Со Албанија со Србија со Косово стои, затоа што правилото е додека не се исцрпи ИПА 2 не се отвора ИПА 3.
- Главната оценка и на ЕУ и на сите партнери со кои соработуваме е ниското ниво на капацитет на општините“.
Целото интервју можете да го прочитате / да го погледате на следниот линк: FRONLINE.MK
Линк на од видеото на: YouTube
No comment yet, add your voice below!