Интервју на Претседателката Моника Зајкова за 24Инфо (извадоци):
“…
Жалам што имаме ниска државничка свест и што не може да се надминат тесно партиските интереси на сметка на државните
- Јасно е дека идеолошки партиите се разликуваат и може да имаат различни мислења по однос на одредени политики, но за тоа во кој правец ќе оди државата сите треба да се обединети
- Мојот личен став е дека предвремени избори во овој неповолен момент на економска и енергетска криза проследен со војна која се случува на европскиот континент, не треба да има.
- Преку низа усвоени законски решенија овозможвме конкретни мерки како што се повисоките пензии, повисока минимална плата, досега највисока просечна плата, студентски оброк, реални антикризни мерки за граѓаните од ранливите категории и бизнис секторот. Сеуште имаме низа законски решенија кои треба да овозможат напредок, а се закочени во матичните работни што е крајно неодговорно.
- Заради потсетување ќе наведам само некои од предлозите на ЛДП кои оваа Влада ги прифати: субвенциониран студентски оброк, недела – неработен ден, проширување на основите за дискриминација и брзо носење на Законот за спречување и заштита од дискриминација, викенд без ДДВ, задржување на рамниот данок, регулирање на пазарот на криптовалутите, нов Закон за рамномерен регионален развој, обезбедување мерки за младите, развој на младинската политика итн.
- Актуелна тема која е важна а има цел кратење на непродуктивните трошења во буџетот, како ЛДП бараме намалување на бројот на членови на управни и надзорни одбори, затворање или спојување на агенции кои имаат исти надлежности, како и намалување на износот на месечните надоместоци на членовите на одредени тела, особено во време кога владее економска криза.
Сакам да ги охрабрам сите младите луѓе да бидат активни чинители во процесот на креирање и носење на одлуки, бидејќи секоја одлука се однесува токму на нашата сегашност и иднина.
- Она што предстои и седница на Централниот одбор која ќе се одржи на 28-ми јануари, а на која ќе бидат комплетирани и останатите органи на партијата односно ќе се изврши избор на членови на Извршниот одбор, потпретседатели, меѓународен секретар, а воедно ќе се усвои и предлог датум за оджување на тематски Конгрес на кој партијата ќе ја промовира својата партиска програма односно Либерални иницијативи за наредните четири години од кои најголем бенефит и олеснување треба да добијат граѓаните.
- …“
Цело интервју можете да го читате на 24Инфо
No comment yet, add your voice below!